Милошоски: Талат Џафери ги брани Заев и Османи од пратенички прашања
Foto

Милошоски: Талат Џафери ги брани Заев и Османи од пратенички прашања

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски го обвини собранискиот спикер Талат Џафери дека се однесува како владин министер и ги штити колегите од пратенички прашања

„Согласно ч.38 од Деловникот на Собранието институтот пратенички прашања е неограничено право на секој пратеник, во секое време, ви интерес на јавноста да постави прашање до секој владин министер. Пратеничкото прашање е и контролен механизам кон владата, но и тест за владината транспарентност кон пратениците и јавноста и нема ограничување за поставување пратенички прашања ни во првите сто, ни во последните 100 дена!“, пишува Милошоски на Фејсбук.

Милошоски додаде и дека „Талат Џафери наместо да биде прв меѓу пратениците што имаат интерес да добијат одговори од владата, тој спротивно на Деловникот наликува како да е владин министер без ресор кој премиерот Заев и министерот Османи ги штити од две писмени поставени прашања на теми од јавен интерес:

1. Колку празни амбасади и конзулати има Македонија во овој момент? и

2. Дали согласно Договорот за стратешко партнерство САД-Македонија од 2008г., после потпишаниот Договор на Србија и Косово во Вашингтон, владата смета дека нашата амбасада треба да биде преместена од Тел Авив во Ерусалим?“.

0 Коментари

Остави коментари