Милошоски на ФБ: Договор можеби ќе имаше ако Заев не беше толку нервозен за „Рекет“
Foto

Милошоски на ФБ: Договор можеби ќе имаше ако Заев не беше толку нервозен за „Рекет“

По маратонската лидерска средба пратеникот Антонио Милошоски на својот ФБ профил напиша дека договор за нов Закон за обвинителство можеби и ќе се постигнел доколку премиерот Заев не бил толку нервозен во врска со предметот „Рекет“, што не може да прифати ниедно системско решение за висока корупција во кое друг професионален обвинител би имал увид во овој мега-скандал, освен владино-подобната обвинителка Вилма Рускоска.

„Таквото однесување остава сомнеж дека хиерархијата на соучесници и организатори во ‘Рекет’ е многу повисоко во власта, од улогата која во овој криминал ја имала осомничената Катица Јанева“ - додава Милошоски.

0 Коментари

Остави коментари