Милошоски, Митрески и Бендевска потпретседатели на Собрание

 

Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ , Јован Митрески од СДСМ и Весна Бендевска од ЗНАМ ќе бидат потпретседатели  во Собранието. Според договорот се планира да бидат избрани на утрешната собраниска седница, на која треба да се донесе и одлука за формирање на собраниските комисии.

Милошоски беше потпретседател на Собранието кога собраниски спикер беше Трајко Вељаноски. Јован Митрески беше Претседател на Собранието пред Африм Гаши, кога Талат Џафери беше избран за технички премиер. Весна Бендевска беше претседателка на комисијата за антидискриминација.