Милошоски ја пречкрта „Северна“ од Македонија, Заев му порача дека непочитување на уставот е казнено дело
Foto

Милошоски ја пречкрта „Северна“ од Македонија, Заев му порача дека непочитување на уставот е казнено дело

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски го пречкрта новото име на државата, односно придавката Северна- ваквиот потег Милошоски го направи на својата легитимација за време на учеството на пролетната сесија на Парламентарното собрание на Севетот на Европа. Информацијата заедно со фоторгафија ја објави и на социјалната мрежа Фејсбук, каде напиша Македонија е името на народната волја во согласност со референдумите од 1991 и 2018 година.   

„Искористи ги за таа цел секоја можност, секоја акредитација, секој потпис и обележје, дома и во странство, во име на правото на самоопределување и заради достоинството на секој Македонец!,“ - напиша Милошоски.

Ваквиот потег на пратеникот Милошоски, премиерот Зоран Заев го оцени како казниво дело и непочитување на Уставот. Заев посочи дека Милошоски со ова испраќа лоша порака.

„Непочитувањето на Уставот на државата на ваков начин прво е казниво дело, второ е испраќање на лоша порака до сите да не го почитуваат Уставот и тоа е лошо за општеството. Законот мора да важи еднакво за сите.“ - велат од Владата.

Милошоски уште еднаш повтори дека неговот потег е во согласност со волјата на народот искажана на рефендумот и дека со нетрпение ја очекува казната што ќе ја изрече премиерот Заев.  

„Мојот потег е во согласност со народната воља изразена на референдумот 2018та година и индивидуалната слобода на изразување како човеково право. Со нетрпение ја очекувам казната што ќе ја изрече премиерот Заев.“ - изјави Антонијо Милошоки – пратеник ВМРО ДПМНЕ.

На потегот на Милошоски реагираа и од СДСМ. Од партијата посочуваат дека токму тој тајно преку телефон преговарал ново име на државата, и дека за него како што посочуваат од СДСМ прифатливо беше сложено име, на пример Горна, Долна Македонија, во заграда или без заграда Вардар, пред или по Република.

0 Коментари

Остави коментари