Милошоски изнесе нови сознанија за давањето македонски пасоши со лажни идентитети
Foto

Милошоски изнесе нови сознанија за давањето македонски пасоши со лажни идентитети

„Досега видовме дека МВР на Спасовски и Заев издало македонски пасоши со лажни идентитети на лица членови од српската мафија, црногорската, италијанската, шпанската, турската мафија и многу други. Но овде овој скандал со аферата „Мафија“ не завршува, за жал. Имаме информации дека македонски пасош издаден од МВР во 2018-та година има и косовскиот државјанин Фитим Дема, член на радикалната терористичка група ИСИС. Тој бил баран со потерница од приштинскиот суд за одлежување на затворска казна но на непознат начин успеал да стигне во Македонија и од Македонија да добие македонска патна исправа со лажен идентитет. Давањето на македонски пасоши на лица, припадници на ИСИС како терористичка организација не само што ја загрозува безбедноста на Македонија и регионот туку ги загрозува и интересите на сите земји членки на НАТО и ЕУ. Ваквото делување не можело да помине без знаење на највисоките раководни структури во МВР. Според нашите информации Спасовски и МВР овозможиле да се крадат идентитети за да се даваат вакви пасоши на лица кои што се борци во Сирија, членови на терористичката група ИСИС“ рече денеска на прес-конференција меѓудругото пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Милошоски обвини и дека „мафијата на Спасовски и Заев ја претворила Македонија во логистички центар во сива зона каде што сите оние кои што имале намера да му избегаат на Интерпол или на нивните држави каде што биле барани со потерници нашле не само прибежиште туку и бесплатна патна лажна исправа за да можат да се заштитат“.

0 Коментари

Остави коментари