Милошоски до Џафери: Покажете повеќе совест од Заев и ставете ја точката за предлог одлука за разрешување на Венко Филипче на дневен ред

- Би сакал да ја искористам оваа прилика и најпрвин да искажам во име на нашата пратеничка група и сите пратеници длабоко жалење за она што се случи во тетовската болница пред неколку дена, а по повод тој настан како кулминација на неколку погрешни одлуки претходно пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводиме врз основа на член 68, став 1, алинеја 16 од Уставот на Република Македонија како и врз основа на членот 184 од Деловникот за работа на собранието предлагаме одлука за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на денешната собраниска седница.

Милошоски побара предлог точката за одлука за разрешување на Венко Филипче од функцијата министер за здравство да биде ставена на дневен ред посочувајќи дека очекува поддршка од страна на сите пратеници, односно како што рече тој да се констатира оставката за да може на овој важен ресор да се предложи посоодветна личност.