Мило Ѓукановиќ и Јаков Милатовиќ одат во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора
Претседателот на ДПС, Мило Ѓукановиќ, кој води во изборната трка по првиот круг од претседателските избори во Црна Гора, и се обрати на јавноста и истакна дека Црна Гора го потврдила својот демократски пат и дека очекува конечна победа со назнака дека ќе го победи секој противник.
Ѓукановиќ влезе во вториот изборен круг од претседателските избори во кој на 2 април годинава е се бори за победа со Јаков Милатовиќ од движењето „Европа за сите“.
Поранешниот министер за економија Јаков Милатовиќ од Движењето Европа сега е третиот кандидат. Тој беше министер во првата влада по соборувањето на ДПС на Ѓукановиќ во 2020 година. Тој е коавтор на програмата со која беа зголемени платите во Црна Гора. На изборите во Подгорица во октомври 2022 година Движењето Европа сега оствари резултат кој им овозможи да добијат градоначалник на главниот град.
Во вториот круг одат двајцата кандидати со најмногу гласови во првиот круг. На гласање излегоа околу 64 проценти од регистрираните избирачи, соопшти претседателот на Државната изборна комисија.