Милиони луѓе ширум светот доаѓањето на новата година го дочекаа на улици на светските метрополи. Лондон, Париз и Берлин ја дочекаа новата година со големи огномети, но и со зајакнати безбедносни мерки на улиците. На прославата на тајмс сквер во њујорк илјадниците присутни се забавуваа на дождот и уживаа во изведбите на Кристина Агилера, Стинг и Снуп Дог. Во првите моменти од 2019 сите ја пееја „Њујорк, њујорк" на Френк Синатра. Во 2019 година први влегоа жителите на островите Самоа и Кирибати.
0 Коментари