Милевски промовиран во нов селектор на Македонија
Foto

Милевски промовиран во нов селектор на Македонија

Фудбалската федерација на Македонија и официјално го претстави Благоја Милевски за нов селектор на најдобриот фудбалски национален тим.

Стратегот кој досега ја предводеше селекцијата до 21 година, сега седнува на клупата на А репрезентацијата и договорот за соработка е до 2024 година.

На промоцијата првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини уште еднаш потврди дека именување на Милевски за предводник на најдобрите фудбалери е логично решение со оглед на тоа дека голем дел од фудбалерите кои се сега во А тимот, Милевски ги предводеше до историскиот успех, пласман на ЕП до 21 година во Полска, во 2017 година.

Голем дел од тие играчи ја предводеа и Македонија до историскиот успех, пласман на ЕУРО 2020 летово.

"Претставува вистинско задоволство и чест да се биде предводник на најдобриот национален тим. Благодарам за довербата! Возбуден сум и со нетрпение го очекувам септемврискиот собир кога одново ќе соработувам со добро познати лица. Заеднички таргет ќе биде Светското првенство во Катар 2024, каде во квалификациите ќе се обидеме да направиме се што можеме и знаеме за до крај да бидеме во игра", потенцираше Милевски при неговата селекторска промоција.

 

0 Коментари

Остави коментари