Милевски: Не очекувам поразличен натпревар од тој во Скопје

Македонската фудбалска репрезентација денеска ја очекува последниот натпревар од групата за квалификациите за Светското првенство. Гостуваме кај Велс, а воедно тоа е дуел на две екипи кои се борат за втората позиција во групата.

Никогаш не недостасува мотивација во ваква ситуација. Кога се борите за подобра стартна позиција во плеј-оф, а не за плеј-оф, тоа нуди дополнителна убавина. Верувам дека ќе уживаме во натпреварот. Секогаш морате да бидете дисциплинирани и одговорни, но секогаш тоа не е гаранција за успех. Сепак е добра појдовна точка и јас секогаш преферирам да функционираме како тим и сите се ставаат во функција на селекцијата. Не очекувам поразличен натпревар од првиот во Скопје. Играчите се исти, велшкиот квалитет е неспорен, фудбалерите играат во Премиер лигата и имаат одличен селектор. Стилот на Велс е истиот од претходните натпревари. Мора да се подготвиме максимално и соодветно да реагираме, изјави селекторот Благоја Милевски на прес конференцијата пред дуелот.

Натпреварот воедно е и дуел за втората позиција во групата, а на македонската репрезентација поради подобрата гол-разлика и одговара и нерешен резултат.- Соработката со Амбасадата на Народна Република Кина веќе ги дава првичните резултати за што претходно ги информиравме медиумите по одржаната средба со Н. Е. госпоѓа Џијанг Сјаојан, Амбасадорка на Народна Република Кина во Македонија, соопштија од МТТА.

Кампот ќе се одржи во градот Чендгу каде ќе се сретнат најперспективните играчи во категоријата до 15 години.

За Пармачки и Смолиќ престојот во Кина ќе биде добра можност за стекнување искуство во друштво на најперспективните пингпонгари од целиот свет.