Милески-Кичеец на распит во Обвинителство за случајот „Рекет“
Foto

Милески-Кичеец на распит во Обвинителство за случајот „Рекет“

Во предворјето на утрешниот распит на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во врска со „Рекет“, но и откако на распит денеска беше повторно второосомничениот Зоран Милески - Кичеец и пензионерката на чија сметка легнале над 700.000 евра - ниту денеска не стивнуваат партиските реакции во врска со случајот. 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска со обвинувања, но и прашања до владејачката СДСМ, но и нејзиниот лидер и премиер Зоран Заев, зошто како што велат ако имал докази не бил повикан ниту за сведок на распит во врска со случајот. Обвинуваат за манипулација со докази но и порачуваат дека премиерот нема повеќе кредибилитет да ја води власта .

Од Владејачката СДСМ велат дека денешниот распит на Кичеец е причина за нервоза кај опозициската ВМРО ДПМНЕ. Во реакцијата до јавноста наведуваат 

Овие нервозни реакции доаѓаат во моменти кога според информациите во медиумите на распит за случајот „Рекет“ е повикан еден од осомничените, споменатиот Зоки Кичеец.

Особено имајќи предвид дека Христијан Мицкоски пред неколку дена јавно призна дека се сретнал токму со Зоки Кичеец. Остана неодговорено прашањето што разговарале Мицкоски и Кичеец и дали нешто му дал? Ако му дал, што е тоа? Нервозата и паничните реакции на ВМРО-ДПМНЕ нема да им помогне на оние кои ги чека соочување со правдата.

Својот став во врска со случајот го изнесоа и од Алтернатива. Порачаа да не се дозволи успешната приказна за земјава баш поради случај како „Рекет“ да се претвори во како што рече „септичка јама во која би цутел криминалот и корупцијата“.

Ставот на албанскиот опозициски блок пак веќе е познат , бараат институционална разврска за Рекет целосно разоткривање на лицата кои се дел од оваа криминална афера но и бараа обвинител од ЕУ. 

Деновиве исто така се очекува на распит да биде повикан и првоосомничениот во случајот Бојан Јовановски кој веќе доби второ продолжување на притворот.  

Во врска со шпеклулациите кои се појавија кај дел од медиумите дека Ардијан Амзоски и фирмата „ДРИМ БИЛДИНГ“ од Струга му платиле над 260.000 евра на Боки 13 за наводно Катица Јанева да му повлече обвинение, денеска во дописот до јавноста ги отвфрлија овие информации како неточни.

0 Коментари

Остави коментари