Миле Јанакиески излегува од затвор
После шест години тргни-застани, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески излегува на слобода. Името на Јанакиески беше често во медиумскиот етер поради неговото постојано приведување.
Тој помина шест години во затвор за предметите на поранешното СЈО, „Шпански скали“, „Титаник“ и „27-ми април“. Јанакиески неколкјупати беше и во домашен притвор, беше и во затворот во Шутка, но и во Идризово.
Пред осум месеци предметот „Топлик“ за Сончев Град застаре на првото рочиште во Кривичниот суд, откако по вторпат Апелација ја укина првостепената пресуда со која екс министерот Јанакиевски доби три и пол години затвор.
Апелационите судии одлучиле да го вратат предметот назад на денот кога во Собранието се носеа измените на Кривичниот законик, но кога стаса во Кривичен поблагите одредби веќе беа на сила.
Минатата година Јанакиески ја победи државата пред Судот во Стразбур и ќе добие отштета затоа што е утврдено дека му билo повредено правото на слобода по членот 5 од Европската конвенција за човекови права.
Според пресудата, државата ќе треба да му плати вкупна отштета од 6.100 евра на Јанакиески, од кои 3.900 евра за нематеријална штета и 2.200 евра за трошоци.