Милчин имаше премиера на „Злосторството на 21-от век“ во велешкиот театар
Foto

Милчин имаше премиера на „Злосторството на 21-от век“ во велешкиот театар

„Злосторството на 21 век“ е насловот на претставата која по текст на англискиот писател Едвард Бонд, а во режија на Владимир Милчин, синоќа премиерно ја одигра велешкиот театар.. Публиката виде одлична актерска игра, речиси маестрално поставена од еден од најдобрите македонски театарски режисери. За Милчин, текстот на Бонд е предупредување за уништувањето на човештвото, ако оние кои се богатат на сметка на земјините и човечките ресурси, не покажат чувство за мерка.

Овој текст е напишан пред 20 години, а дејството е сместено во втората половина на 21 век. Тоа е дистопична визија на еден свет, во кој човештвото е пред тотална контрола. Четворицата отпадници од цивилизацијата се бегалци од жигосувањето со микрочипови, се кријат во урнатините и бегаат од законот, а во нивните односи доминира стравот од поткажување или откривање. Задоволство од премиерниот настап и приемот кај публиката има и кај четворицата актери во оваа претстава.

Сценографијата ја направи Крсте Џидров, костимите се на Марија Пупучевска, а музиката е дело на Марјан Нечак. Ова е третата овосезноска премиера на велешкиот театар.

0 Коментари

Остави коментари