Милановски за тв 24: Вакцинацијата е единствената заштита од компликации од делта сојот

Д-р Горјан Милановски од Институтот за имунологија во емисијата 24 Отворено истакна дека делта сојот е многу позаразен во однос на британската варијанта и оригиналниот сој. Најважниот момент за заштита од оваа и другите варијанти на вирусот е вакцинацијата која треба да биде помасовна.

„Вакцините во однос на делта варијантата, можеби ефикасноста им е помала, но заштитата од сериозна болест, хоспитализација и смртен случај е над 90% за сите вакцини кои ни се достапни.

Милановски вели дека вакццините спречуваат намалување на смртните случаји и спречуваат сериозни компликации на болеста. Заедничко и е што го спречуваат леталниот исход на болеста.