Миланов во 24 анализа: Факсимилот на Бектеши не е злоупотребен

Адвокатот Еленко Миланов во 24 анализа рече дека факсимилот на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши не бил злоупотребен.

Според него, сите лиценци биле добиени врз основа на целосна документација.

„Има правилник со кој е утврден начинот на кој се користи факсимил. Тој факсимил не е злоупотребен. За сите лиценци кои постојат се исполнети законските барања според Законот за угостителство. Во таква ситуација не можеле да одбијат и да не издадат. Дури и актуелниот министер за економија се произнесе дека во конкретниот случај не постои проблем со тоа дека недостасува некаква документација. Факсимилот не бил злоупотребен затоа што се користи во време кога министерот не е тука и за тоа има одредено лице кое има овластување. Тоа лице имало овластување да го користи за документи во отсуство на министерот. Нема спор во документите за да кажеме дека тој факсимил е злоуптребен.

Ако се фалсификувале документи и тие документи ги издавал одреден вработен тоа е на негова лична одговорност. Ако некое лице одвнате искористило и злоупотребило печат, тогаш тоа е негова одговорност“, рече Миланов.