Милан го постигна најбрзиот гол во историјата на Серија А
Foto

Милан го постигна најбрзиот гол во историјата на Серија А

На натпреварот од 13. коло на италијанскиот фудбалски шампионат тимот на Милан постави нов рекорд во Серија А. „Росонерите“ вчера на гостувањето кај Сасуоло го постигнаа најбрзиот гол во историјата на лигата.

Напаѓачот Рафаел Леао се запиша во листата на стрелците по само 6,2 секунди по почетокот на натпреварот.

На полувреме Милан водеше со 2:0, а конечниот резултат беше 2-1 во корист на „Росонерите“.

Милан е лидер во Серија А пред Интер и Јувентус. 

0 Коментари

Остави коментари