Михајловски: Писмото од јавниот обвинител до Адвокатската комора го анализираме како класичен чин на заплашување

Претседателот на Адвокатската комора Љубомир Михајловски, во гостување во Аргумент+, писмото од јавниот обвинител Коцевски го оцени како класичен чин на заплашување на адвокатите.

Писмото го анализиравме во комората и не утврдивме дека некој од адвокатите го нарушил угледот на обвинителството или кодексот за професионалност на адвокатите со тоа што го коментирал обвинението за Кочани зашто тоа е јавно. А што би кажале на тоа кога Коцевски излезе уште кога предметот беше во предистрага па наведуваше кој е виновен и би се соочил со обвинение, јавно праша Михајловски.

Претседателот на Адвокатската комора во Аргумент+ говореше за тоа дека очекува постапката за кочани да трае долго, поради големиот број на обвинети лица од една и оштетени лица од друга страна како родителите на настраданите деца односно на повредените.