Мик Шумахер ќе биде резервен возач на Мекларен
Синот на легендарниот Михаел Шумахер, Мик, во новата сезона наместо тест возач на Мерцедес, сепак ќе има шанса како резервен во тимот на Мекларен.
Двата „братски“ тима се договорија за Шумахер да биде отстапен во таборот на „портокаловите“. Германскиот возач кој две сезони настапуваше за Хаас, за следната сезона остана без место на гридот, меѓутоа најави дека напорно ќе работи за да се врати во спортот.