Мијалков доби 8 години затвор за случајот „Трезор“
Во Основниот кривичен суд во Скопје изречена е пресудата за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.
Првообвинетиот, поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков е осуден на 8 години затвор.
Поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски доби 5 години затвор.
Поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски на кого му се судеше во отсуство судот го осуди на 15 години затвор.
Поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ е осуден на 5 години затвор.
Според обвинението, во овој случај се злоупотребени над 860.000 евра.
Случајот „Трезор“ го водеше судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е ОЈО за организиран криминал, кое го презема предметот од поранешното СЈО.