Мицотакис со промоцијата на трговските марки „Македонија” го крши Преспанскиот договор
Foto

Мицотакис со промоцијата на трговските марки „Македонија” го крши Преспанскиот договор

Трговската марка со слоганот „Macedonia the Great", која што вчера ја промовираше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, не се нашла на маса меѓу на мешовитата комисијата составена по Преспанскиот договор, вели Ѓорѓи Филипов. Тој порачува дека дека марката до сега не е пријавена или официјално регистрирана. Филипов со порака секое решение што ќе излезе од комисијата, согласно Преспанскиот договор, мора да добие согласност од вдете страни.

„Што се однесува до слоганот “Macedonia is GReat”, не сум овластен ниту јас, ниту кој било друг член да даваме коментари во име на Меѓународната група на експерти. Доколку биде пријавен како трговска марка, за тоа ќе се изјасни соодветниот завод пред кого ќе се бара признавање”, вели Филипов.

За новата трговска марка грчкиот премиер разговараше и со стопанствениците, а се пофали и на неговиот твитер, меѓутоа и на премиерската вечера во обраќањето. Мицотакис најави дека новата марка ќе го обиколи светот. Сепак согласност за името на трговските марки мора да даде и нашата земја.

Иако грчкиот премиер на твитер профилот за новата марка се пофали пред средбата со Заев, нашиот премиер пред новинарите рече дека не бил запознаен. Вицепремиерот, пак неколку часа претходно изјави дека преговорите се уште траат. Според преспанскиот договор двете земји имаат рок од три години да најдат решение за употреба на трговските марки кои го содржат префиксот македонски или Македонија.

Кај нас 79 трговски марки го содржат зборот Македонија, 77 ја имаат англиската верзија на името, а придавката македонски ја содржат 12 регистрирани трговски марки.

0 Коментари

Остави коментари