Мицотакис: Добрососедските односи се единствениот пат за европска перспектива на Северна Македонија
Foto

Мицотакис: Добрососедските односи се единствениот пат за европска перспектива на Северна Македонија

Добрососедските односи се единствениот пат за европска перспектива на Северна Македонија, рекол грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на учеството на Самитот ЕУ- Западен Балкан и како што информираат од неговиот кабинет, ја повикал нашата Влада да ги почитува обврските што произлегуваат од Договорот од Преспа.

Паралелно ја истакнал потребата да се одржи жива европската перспектива на Западен Балкан, потенцирајќи дека ЕУ интеграцијата на земјите од регионот е стратешки избор на Грција. Мицотакис ја споменал и солунската агенда од 2003 година и рекол дека „текстот од Солун е актуелен и 17 години подоцна”.

Во однос на Албанија рекол дека е направен напредок, но сепак очекува чекори од албанската Влада за заштита на правата на грчкото малцинство.

Грчкиот премиер особено се задржал на бегалското прашање, барајќи од Европа да ја изврши нејзината обврска, а побарал и соработка со земјите од Западен Балкан во борбата со нелегалната миграција.

0 Коментари

Остави коментари