Мицковски во Будимпешта на средба со Орбан

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска и утре ќе биде во Виена, па во Будимпешта, соопштија од партијата. Заедно со со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Александар Николоски, од Виена ќе заминат во будимпешта да се видат со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.

„На средбата се очекува да разговараат за прашања поврзани со актуелната политичка и економска состојба во република македонија, како и размена на информации на ниво на сестринските партии за правците на понатамошно делување во пресрет на престојниот конгрес на европската народна партија и изборот на новото раководство“, соопштија од партијата.

Оттааму, Мицкоски и Николовски ќе се вратат во Скопје за во петок на Илинден да предводат делегации по повод празникот. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се обрати на народниот собир во струшкото село Ташмаруниште, додека потпретседателот ќе предводи партиска делегација на прославата на Мечкин камен во Крушево.