Мицковски на средба со Орбан, со Груевски не се видел

Предвремените избори во земјава биле главна тема на разговорите меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и унгарскиот премиер, Виктор Орбан. Мицкоски, кој е во официјална посета на Будимпешта, бил пречекан на државно ниво во резиденцијата на Орбан, која се наоѓа во замокот Кармелита, каде станало збор и за прашања поврзани за меѓусебна соработка на партиско ниво.

„Унгарскиот премиер бил информиран дека бараме и очекуваме да се случат предвремени избори. Самото тоа што делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ била примена со највисоки почести кажува дека Орбан е на наша страна и не поддржува.“ - велат од ВМРО – ДПМНЕ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ соопштува дека, на средбата Мицкоски изразил загриженост поради, како што наведуваат, криминалите и корупциските скандали со кој се соочува владата на премиерот Заев, како и отсуството на правни разрешници на таквите криминални афери кои го загрозуваат функционирањето на правната држава.

Средбата предизвика голем интерес кај јавноста, имајќи предвид дека во Будимпешта е почесениот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Сепак, според информациите, тој ниту присуствал на неа, ниту пак се сретнал со Мицкоски.