Мицкоски: Заев ќе ги купува гласачите со народни пари

Преку трансфери од нереализираните капитални инвестиции, но и со нова еврообврзница, власта планира да поткупува гласачи, обвини денеска првиот опозиционер Христијан Мицкоски, на прес-конференција на која економијата ја оцени како катастрофална. Токму затоа вели, премиерот Заев застана на чело на министерството за финансии, за како што рече, да ги затскрие криминалните политики. Мицкоски повторно го повика Заев на предвемени парламентарни избори.

Практично предвремените избори се одлична можност Зоран Заев да провери дали навистина блеска или блеска само во друштво кога е со неколкумина негови обожаватели. Опозицијата е подготвена веднаш, штом парламентарното мнозинство одлучи да ги распише тие избори, иако ние како опозиција инсистираме и предложивме и две дати, на почеток на април, имајќи ги во предвид Велигденските празници или кон крајот на мај поради Рамазанските празници, следната година.' - изјави Христијан Мицкоски - претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку власта издаде нова еврообврзница која вели ќе се троши за корумпирање на граѓани и пополнување буџетски дефицит, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги извести меѓународните институции, дека како што вели Мицкоски, новата власт и државата не ќе може да ги врати.

За иднината на СЈО, Мицкоски останува со тврд став, дека предлогот на власта е обид за пресметка со политичките неистомисленици, но оптимист е дека предлозите на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат прифатени.

„Единствената цел во овие неколку месеци е токму непринципиелна и насилна пресмсетка со опозицијата, но ние како ВМРО-ДПМНЕ имаме принципиелен став, став согласно законит еи Уставот во оваа држава, и не се плашиме да елаборираме и да се соочиме со фактите и аргументите од спротивната страна.“ - изјави Мицкоски.

За неговите обвинувања дека Катица Јанева го уценувала, вели не бил повикан да даде исказ во Обвинителство, но за целиот случај „Рекет“, најави дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, сите инволвирани фунцкионери ќе одговараат.