Мицкоски за тврдењата на Филипче за растење на пратеничката група на СДСМ: Тоа е хумор и сатира

Смешни и несериозни се тврдењата на Филипче дека преговара со пратеници од ЗНАМ за проширување на неговата пратеничка група вели премиерот Христијан Мицкоски откако опозицискиот лидер вчера од Бихаќка се пофали дека се водат преговори со пратеници на ЗНАМ но и до други па додаде и дека вратите на СДСМ биле отворени за сите оние кои сакаат да го одат европскиот пат со како што рече вистински вредности . Мицкоски денеска со контра реакција тврди парламентарното мнозинство е стабилно а изјавите на Филипче биле хумор и сатира.

Христијан Мицкоски Претседател на Влада на Р.С.М 

Од Бихаќка пак денеска преку соопштение со порака до Мицкоски дека премногу се занимавал со нив , и се обидувал одвнатре да ја руши СДСМ претставувајќи ја како партија која лошо котира во моментов .

СДСМ

Толку лошо стои СДСМ што ВМРО мора да се се занимава само со нас секој ден и постојано. Црни кампања, јавен линч на претседателот Филипче. Измислени афери, штанцање негативни објави на 40% од медиумите на Орбан. Платформа на ВМРО за рушење на СДСМ од внатре со поединци како Шилегов и Депостовски. Лажни анкети.

  Сепак, ВМРО е партија на која многу ѝ се верува. Сѐ што ветивте го исполнивте, почнувајќи од името. Македонија повторно горда!

Лидерот на ЗНАМ пак Максим Димитриевски и претходно во неколку наврати тврдеше дека пратеничката група е стабилна и дека не направил партија за да исклучува членови туку да привлекува нови но и дека никој не може да се држи со сила и секој сам одлучува за политичката одговорност која ја носи . 

Сепак пребројувањата на ниво на пратенички групи во законодавниот дом и трката за тоа кој ќе се обиде но и ќе успее да ја зајакне својата пратеничка група во законодавниот дом со пратеник повеќе станаа повторно актуелни откако и Села најави посебно делување од Европскиот фронт со неговите пратеници но и најави формирање на нова партија со ново име за што пак собранискиот спикер Гаши тврдеше дека не бил известен иако како што рече секоја нова информација за ново делување на пратеничките групи треба да му биде соопштена за да може д аги информира и пратениците и јавноста. За сега како што рече распределбата на силите останува како што е во моментот .