Мицкоски за тв 24: Застанав зад Данела Арсовска како кандидат за градоначалник зошто препознав квалитет

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во 24 Анализа во врска со локалните избори и поддршката за независен кандидат, наместо за Коце Трајанов, рече дека има научен пристап и смета дека има голем потенцијал во Данела Арсовска.

„Во рамките на анкетите меревме и потенцијал, а потенцијалот кај г-ѓата Данела Арсовска беше прилично голем и тоа ќе се види уште на 17 октомври, нејзиниот личен потенцијал и нејзината биографија се навистина импозантни, Сојузот на стопански комори со кои таа менаџира е дел од една светска поголема структура од стопански комори, повеќе од 12.700, таа е дел од Управниот одбор, што е сериозно признание за човек пред се кој доаѓа од Македонија. Таа исто така е еден од обучувачите на земјите од Г20, станува збор за едно импозантно лично портфолио, појасни Мицкоски.“ - вели Мицкоски.

Зошто застанал зад незавсен кандидат? Мицкоски вели дека застанал зад квалитет, а не политички да калкулира и дека неговата кариеа најмалку е битна.

„Ценам дека Арсовска е таа и затоа сум застанал зад неа како човек и универзитетски професор.“ - вели Мицкоски.