Мицкоски за ТВ 24: Во втората половина на јули ќе има ребаланс на буџетот и нови инвестиции

Христијан Мицкоски претседател на владата и на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа рече дека во иднина ќе го гледаме допрва на пуштање на проектите кои ги ветиле во изборната кампања. 

- Ако биде се како што треба, во втората половина на јули ќе има ребалансот во Парламентот и во првата половина на август ќе биде повикот до општините да алицираат  со проектите. Според тоа што го разговара во министерката за финансии, голема е можоста шест милијарди денари да бидат распределени кон општиите за проекти кои се подготвени. Утре имаме состанок и ќе работиме на оваа проблематика. Со овие шест милијарди денари очекувам очекувам најмалку 150 проекти. да бидат финансирани, ако не и 200. Тоа се проекти важни за граѓаните и се содржани во проектите на градоначалниците, атие програми победија на избори во 2021 година и цениме дека треба да се поддржат. Станува збор за булевари, канализациски и водоводни системи, училишта... Утре промовираме голема странска инвестиција во делот на  енергетиката, помеѓу 400 и 450 милиони евра и со тоа наше производство на струја, ќе добиеме енергетски баланс, колку што произведуваме, толку и да трошиме, без специјални закони во Парламентот. И ќе има нови дополнителни 100 милиони евра за македонскиот бруто домашен производ. Инвеститорот е од Дубаи. и во тој инвестициски фонд во стуктурата е Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Меѓународната финансиска коорпорација или АФСИ, има германски и американски структурни фондови, нешто досега невидено во Европа. - рече Мицкоски.