Мицкоски за тв 24: Уште на 26 февруари предупредивме на ризиците од епидемија и бевме пречекани на „нож“
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното гостување во отвореното студио на 24 анализа во врска за начинот на справување со епидемијата на коронавирусот. Тој истакна дека опозицијата на 26 февруари предупредиле на ризиците од епидемија и тогаш биле пречекани на нож од министерот за здравство Филипче. Даде поддршка за медицинскиот персонал кој се бореше со сузбивањето на болеста.
„По бројот на смртните случаи на милион жители во регионот, ние сме втори веднаш зад Словенија, а во однос на заболените сме трети, а тестирани сме на седмото место, бројките не се на наша страна, но секој спасен живот е успех.“ - рече Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека истакнал дека имајќи го предвид ресуссот на здравството, медицинските лица покажале храброст во борбата и доколку би имале подобри услови, поуспешно би се справиле.
Во врска со изградбата на Клиничкиот центар, Мицкоски рече дека партијата во програмата со која планирале да излезе, имале поинаков пристап и дека тие пари за тој центар, 500 милиони евра, и дека не треба да инвестираат во цигли, туку во човечкиот ресурс.
„Затоа имавме поинаков пристап и тоа ќе биде содржано во програмата. Да фрлите толку пари без да кажете збор за обуката и образованието на медицинскиот персонал, ценевме дека ќе има сомнителна намера. Тие пари нема никогаш да се случат. Да не заборавиме дека многу медицински лица си заминаа од државата.“ - рече Мицкоски.
Мицкоски призна дека во минатото се правеле грешки. Тој повика да се испишат бројките на бројчаникот и да се изгради Клиничкиот центар.