Мицкоски за ТВ 24: Озаконување на Мајскиот договор е противуставно
Христијан Мицкоски претседател на владата и на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа рече дека никому пораките од Бујар Османи немаат правна тежина и дека неговот правило што го посочил е неуставно.
- Пораките од Османи и неговите договори и потписи видовме каква правна тежина имаат. Мајскиот дел тој дел што го зборува, правилото победник со победник е неуставен. Дури и да направиме закон, атоа нема да го направиме, не постои ракво нешто, тоа е спротивно на уставот. Ова не е федерација. Ние ветивме 120 пратеници да намалиме на 90 и ќе отвориме јавна дебата. Според венецијанската комисија бројот на пратеници во Парламентот е трет корен од бројот на запишани гласачи и тоа е кај нас 121. Ние велиме ако може Словенија да има 90, можеме и ние. Тоа беше суштината. Озаконување на Мајскиот договор е противуставно. - вели Мицкоски.