Мицкоски за ТВ 24: Никогаш не сум рекол дека ќе го раскинам договорот со Бехтел и Енка
Христијан Мицкоски претседател на владата и на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа рече дека е спремен за нови преговори со Бентел и Енка за промена на договорот.
- Никогаш не сум рекол дека ќе го раскинам договорот со Бехтел и Енка.Ваков каков што е проектот, тој што им го ветувал не може да го заврши. Очигледно е дека дури и со оние шверцерски закони со злоупотреба на европското знаменце не помагаат. Наш приоритет се граѓаните и ако тие протестираат, ние сме зад нив. Ние имаме предлог да се променат дел од тие делници за да можеме договорот кој е потпишан под тие услови да го реализираме во периодот за кој е предвиден да се реализира.Подготвен сум кога ќе дојдат, да се видиме и да им го предложам ова. Морам да ги заѓтитам даночните обврзници кои го полнат буџетот. Ваков каков што е не може да помине. - рече Мицкоски.