Мицкоски за тв 24: Коалицијата со Алијанса за Албанците и Алтернатива е за ослободување на граѓаните од политичкото мочуриште на СДСМ и ДУИ
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во 24 Анализа во врска со локалните избори вели дека има убава атмосфера во партијата и се подготвени на победа.
„Решвиме во првиот круг да ги поддржиме кандидатите на Алијанса за Албанците и Алтернатива во скопски Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга, Теарце и неколку помали општини. Нашата коалиција кога ја најавивме, беше коалиција против срамот, криминалот и корупцијата и се здруживме за да ги ослободиме граѓаните во Македонија без разлика на етничката припадност од ова политичко мочуриште кое е дел од владата предводена од СДСМ и ДУИ и принципиелно договоривме коалиција во тие општини. - рече Мискоски.
Мискоски рече дека во тие општини ќе ги поддржи кандидатите на Алијанса и Алтернатива во првиот круг и дека таму нема да одат со нивен кандидат.