Мицкоски за тв 24: Граѓаните масовно да излезат на попис
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во 24 анализа се осврна на почетокот на пописот и потенцирае дека негова била идејата за отпечатоците на прсти уте минатата година и од страна на владаејачкото мнзинство, таа идеја беше отфрлена.
„Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го напави уште на почетокот на годината е можноста да в тоа време пописот се одложи и се одложи за сега да се реализира Сега, можеме ведна за време нал окалнте избори да го исконтролираме, зто на лојалните избори ќе имаме термнали за отсоци на прсти и тоа ќе ни биде р иот индикатор дали владата и Државниот завд за статстика си ја завршиле работата - рече Мицкоски.
Неговата порака е масовно да излезат на пописот и да не ги слушаат на антмакедонските елементи на македонската политичка сцена сакаат да внесат раздор.
„Мојата порака е масовно да излезат граѓаните и да се попишат и мојата порака до македонскиот народ е да не ги слушаат и да не потклекнуваат на анационалните и антимакедонските елементи на македонската политичка сцена кои што во овој момент се обидуваат повторно да внесат раздор во македонското ткиво и помеѓу протесните гласови како што тоа го правеа за време на претседателските избори кога тогаш повикуваа на бојкот на тогашниот опозициски кандидат и практично ја продолжија кариерата на Зоран Заев и СДСМ, порача Мицкоски.
Додаде дека за време на локалните избори јасно ќе се знае каков е етничкиот состав на граѓаните кои изглегле на гласање.
„По завршувањето на статистичката операција, со овие отчитувачи и терминали, можеме на повеќе од 50% од граѓаните да видииме дали е спроведена оваа операција како што треба.“ - рече Мицкоски и додаде дека е сгрен во победата на локалните избори и најави целосно делегитимирање на власта, ново парламентарно мнозинство и нв директор на ДЗС.
Истакна дека здравствените услови не се ништо поразлични од оние во март, кога и тој беше во изолација. Рече дека ова не се соодветни мерки и протоколи и прават поделба на граѓаните. Потенцираше дека очекува реални бројки од пописот.