Мицкоски за Коцевски: Му дадовме шанса, добивме стотици истраги, а кога треба налог за апсење обвинители добиваат треска и грчеви

Продолжуваат обвинувањата на релација Влада – и дел од судската и обвинителска фела. Премиерот Мицкоски денеска повторно со критики за државниот обвинител Љупчо Коцевски – му дадовме шанса, но добивме стотици истраги и процеси кои се опструираат од обвинители. Изјавата на премиерот доаѓа откако вчера Коцевски рече дека обвинувањата кон Обвинителството се неосновани. Мицкоски од понеделник најави и робусна акција во која судии и обвинители ќе треба да сносат одговорност за своите противзаконити дејствија.