Мицкоски: За барањата на родителите од Кочани за анкетна комисија надлежно е Собранието
Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи и на прашање за барање за еднократна парична поддршка за семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани, по примерот на оние кои починаа во пожарот во модуларната болница во Тетово за време на Ковид пандемијата, истакна дека како Влада правеле и ќе прават се да им помогнат.
Но, прашањето за поддршката за формирање на собраниска анкетна комисија за истражување на случувањата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ треба да биде упатено до пратениците, смета премиерот Мицкоски.

