Мицкоски за 24 Отворено: ВМРО-ДПМНЕ нема да има почесен претседател

Мицкоски во вечерашното гостување во 24 Отворено, потенцираше дека е предвидено укинување на статусот почесен претседател. Но, тоа не значи дека се оградуваат од Никола Груевски.

„Тоа е статут којшто е направен согласно реформите и динамиката во рамките на партијата. Тоа е статут направен како резултат на целосна и темелна анализа на нашите сестрински партии.“ - рече Мицкоски.

Тој потенцираше дека ова треба да биде добар пример за останатите политички партии ако навистина сакат да се демократизираат во рамките на сопствената структура. Тој истакна дека се укинуваат и уште неколку други места во партијата, а на прашањето дали е обид за дистанцирање од тие политики, Мицкоски изјави дека новиот статут е резултат на реформите во партијата.

Тој негираше дека не е точна констатацијата дека поранешниот премиер Никола Груевски од Будимпешта се уште ја командува партијата.

„Не, не е точна констатацијата. Би сакал повеќе да зборувам за реални теми, сиромаштијата, иселувањето, рекетирањето, криминалот, уцената на политичарите. Ако веќе зборуваме за Никола Груевски повеќе детали околу тоа може да ви даде господинот Зоран Заев.“ - рече Мицкоски.