Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира Законот за амнестија, власта сака да ослободи криминалци

Со заканите за оставка министерот за правда Лога успеа да го протурка Законот за амнестија во владина процедура но ќе се сопне ли во законодавниот дом откако речиси сите опозициски партии најавуваат блокада со амандмани. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски денеска посочи дека ќе го блокираат Предлог-законот бидејќи не е со европско знаменце и процедурата тоа го дозволува. А дека не е од корист на граѓаните веќе посочија и дел од партиите од албанскиот опозициски блок. 

Премиерот Ковачевски пак денеска вели не е изненаден од ваквите ставови на опозицијата бидејќи 11 години политиките им се само да блокираат без да придонесат за државата .

И додека во фокусот на јавноста покрај новиот Закон за амнестија се и случувањата со  Кривичниот законик но и превирањата во опозициската ВМРО-ДПМНЕ – дел од аналитичарите во земјата во гостување на ТВ 24 со свои толкувања за сите овие процеси. 

Универзитетскиот професор Ненад Марковиќ пак во гостување на ТВ 24 вчера посочи дека смета дека погрешни се проценките доколку владејачката СДСМ очекува Груевски со толку кривични дела да придобие дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и да гласаат за уставни иако како што додава во политиката тоа не е не возможна мисија но би била погрешна и смета дека решението треба да се бара постизборно. 

Превирањата во најголемата опозициска партија на релација Скопје – Будимпешта периодов отворија низа полемики и прашања меѓу кои и какви се политички коалицирања можат да се очекуваат во пресрет на следната изборна година.