Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со претседателот Стево Пендаровски
Foto

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со претседателот Стево Пендаровски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево, по средбата со Претседателот на државата, Стево Пендаровски рече дека од овој момент ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски се  додека не видат дека истиот е претседател на сите граѓани.

„ВМРО-ДПМНЕ на денешната координација донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со Стево Пендаровски, и ќе ги преиспита практично политиките што ќе ги води во однос на кабинетот на Стево Пендаровски. За жал, како напати во минатото така и овој пат се приватизирани институциите, заробени за личен и партиски интерес, а на сметка на интересите на граѓаните. Денеска пратеникот Зоран Заев го доби мандатот откако го уверил претседателот Стево Пендаровски дека ќе работи на парламентарно мнозинство“, истакна меѓудругото Христијан Мицкоски.

 

0 Коментари

Остави коментари