Мицкоски: Власта да не го опструира процесот за референдум
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат на изјавата на поранешниот премиер Зоран Заев.
Од опозициската партија велат дека ако е убеден во поддршката од 75 отсто од граѓаните за Договорот за пријателство со Бугарија, против кој е наменет референдумот, да излезат на референдум, предвремени парламентарни и претседателски избори.
Претседателот на партијата Христијан Мицкоски денеска порача власта да го поддржи процесот за референдум и да не го опструира..