Мицкоски: Уставни измени во овој пратенички состав под бугарски диктат и во овие околности нема да има

При денешната посета на општина Охрид, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата на власта за работни групи за уставни измени и дали смета дека тој процес треба да продолжи истакна дека уставни измени во овој пратенички состав под Бугарски диктат и во овие околности нема да има, а за сето ова што го прави власта ќе има и одговорност веднаш откако новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе одговорноста во владата. 

„Уставни измени во овој пратенички состав под Бугарски диктат и во овие околности нема да има. Тоа што го прави власта е процес кој што на крајот ќе се удри во ѕид, односно ќе заврши неуспешно. Бидејќи ние предупредуваме веќе подолго време ако се сеќавате откако во јули минатата година во 2022 година одлучија да го направат тоа што го направија предупредивме дека тоа што го превземаат како обврска од името на сите нас, не само што немаат кредибилитет туку и не можат физички да го поминат. Тогаш се сеќавате правеа некакви реминисценции и потсетувања од времето на Преспа“, нагласи Мицкоски.