Мицкоски упати честитки по повод христијанскиот празник Прочка
И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, упати честитка до православните христијани по повод празникот Прочка.
- Денеска се присетуваме на милоста Божја, Бог кој е милостив кон сите нас и ги простува гревовите наши, без разлика колкави се, преку покајание и искрено срце Бог простува. Кога Бог простува тогаш зошто и ние помеѓу себе да не си простиме?!
Да си простиме со ближните, со познатите, со сите. Бидејќи само преку спокој може да бидеме достојни пред Бога. И нема човек кој не греши, но и затоа бараме и барам прошка за сите наши прегрешенија.
Поделбите мора да се надминат, да се постигне единство и правдата да завладее. Правдата ќе е силата за обесправените и таа сите ја должиме кон оние кои носат неправда.
Простувањето не значи беззаконие, туку поука и сила за правдата. Духовноста нѐ учи на простување и тоа мора да биде наша водилка. Да не го оптеретуваме духот со гнев. За многу години Прочка. - се вели во честитката на Мицкоски.

