Мицкоски тврди Пендаровски носел неуставни одлуки, Пендаровски со одговор „експертот за енергетика“ не знае дека Уставниот ја потврди законитоста
Обвинителството да постапи по допрен глас по обвинувањата на кардиохирургот Жан Митрев , дека за време на ковид пандемијата , екс премиерот Зоран Заев и тогашниот министер за здарвство и актуелен лидер на СДСМ Венко Филипче барале начин како да дојдат до сопствеништво на неговата болница, повика премиерот Христијан Моицкскии. Тој го прозва и екс шефот на државата Стево Пендаровски дека како што рече постоеле сериозни сомневања дека дел од одлуките на Пендаровски во време на ковид-кризатѕа биле енџзаконски. Тоа според него, го отвора прашањето за институционална и кривична одговорност.
Христијан Мицкоски – претседател на Владата: „Ние знаевме какви мафијашки упади се случуваа особено во тој период кога се носеше таа, би рекол, вонредна состојба, кога со уредби со сила на закон се надсинхронизираше законот и Уставот во Македонија. Има многу сведоштва кои говорат за однесувањето на владата во тој период, вие знаете, сè уште тие законски уредби и одлуки на Стево Пендаровски во тој период стојат непоминати во Собранието, треба да ги видиме и Собранието да се произнесе во периодот што следи, што со тоа, дали можеби има и одговорност тука од страна на поранешниот претседател”.
Навистина мислев да не му давам значење на господинот Мицковски, затоа што ја разбирам неговата потреба катастрофалните "резултати" од своето досегашно владеење да ги покрива со коментари за работи кои не ги разбира, но, заради јавноста ќе морам да објаснам некои работи кои за жал на "експертот за енергетика" претходно не му ги објасниле неговите "големи правници„- реагираше поранешниот претседател Пендаровски на
Пендаровски: „Уставниот суд уште пред повеќе од пет години, со мнозинство гласови потврди дека одлуките за вонредната состојба се во склад со Уставот и законите. Второ, уредбите со законска сила ги носеше и ги имплементираше Владата. Дали таму имало злоупотреби, тоа државните институции кои сега се под тотална контрола на Мицкоски можат да го проверат кога сакаат, ако сакаат. Трето, сите одлуки за прогласување на вонредна состојба беа доставени од моја страна до Собранието и тоа веднаш по завршувањето на таа состојба“.
Обвинувањата на Мицксоки кон Пендаровски доаѓаат откако вчера и лидерот на СДСМ го повика кардохирургот Митрев оббвинѕвањата за преземањетѕо на неговата болница да ги одкаже со кривична пријава и обвини дека зад тоа стои ВМРО ДПМНЕ . Филипче најави и тужба за клевета.

