Мицкоски: Трајно ќе ја напуштам политиката ако СДСМ до пролет најде еден мигрант во Македонија кој е дел од договор со В. Британија

Филипче најави Предлог резолуција за да се спречи носење мигранти во земјава. СДСМ резолуцијата ќе ја поднесе во Собранието, ако не добие поддршка од власта - опозицијата ќе организира сенародни протести.

Филипче неколку дена со обвинувања до власта - дека договорот со Британија е условен со прифаќање на мигранти. Ваквите информации вели тој, веќе ги потврдија и наши извори од британската влада. 

Премиерот Мицковски смета дека Филипче во недостиг на теми измислува мигрантска криза - за да си ја спаси функцијата. Најави повлекување од политиката - ако лидерот на опозицијата со неговите истомисленици до наредната пролет најде макар еден мигрант.

Мицковски со денови ги отфрла обвинувањата на СДСМ - дека земјава ќе прифаќа мигранти, тема за која месецов пишуваа и ја потврдија и дел од светските медиуми. 

Но, вториот човек во владата Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој доаѓа од редовите на коалиционен партнер ВРЕДИ - денеска без став околу најавената мигрантска криза. 

Темата за мигранти во Македонија се отвори откако британските медиуми објавија дека се преговара - за нелегалните мигранти и за оние кои се одбиени за азил. Македонија е транзит држава. За време на бегалско- мигрантската криза поминаа скоро 1 милион бегалци и мигранти, но никој не остана во земјава.