Мицкоски: Средбата со Урсула фон дер Лајен може да биде од корист во иднина
Средбата со Урсула фон дер Лајен може да биде од корист во иднина за да се одблокира евроинтеграцијата на Македонија, но не сум задоволен од пораките кои ги испрати претседателката на Европската комисија, вели премиерот Христијан Мицкоски. До бугарската влада веќе е испратено барање за билатерална средба, но одговор дали ќе има средба сè уште не е добиен.

