Мицкоски соопшти раст на БДП за 3,1% во првите три месеци, буџетскиот дефицит годинава ќе биде подлабок од планираниот

Ребалансот на буџетот  е пред финална фаза, соопшти министеркатаљ за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Според неа буџетскиот дефицит нема да биде повисок од ланскиот, но можно е да го надмине првичното очекување за годинава кое беше проектиранпо на 3,5 отсто. Состојбата ќе била подобра вели министерката но намалувањето  на акцизата имало влијание врз минусот во државната каса. 

Гордана Димитриеска Кочоска министерка за финансии: „Може да има одредени корекции како резултат на тоа што имаме одредени мерки во рамки на акцизите за нафтата и нафтените деривати,  така што може да има одредени отстапувања.“

А Премиерот Мицкоски денеска ги презентираше податоците за растот на БДП во првиот квартал за годинава. Економијата пораснала за 3,1 отсто благодарение на активноста на градежниот сектор, но и јавната потрошувачка. Негативни се податоците за преработувачката индустрија а има сериозен раст на увозот во државата.  Податоците на Евростат велат дека земјава испорачала 4ти резулатат според  растот на БДП, а Мицкоски вели подобри од нас се само Малта, Полска и  Србија. 

Но овие податоци не може да го подобрат животот на граѓаните кои секојдневно доживуваат ценовни шокови и тонат во сиромаштија, децидни се опозиционерите. Лидерот на СДСМ Венко Филипче вели дека државната каса е празна а Македонија е пред колапс.

 

Ребалансот на буџетот е закажан за следната недела.