Мицкоски со критика кон работниците во културата што протестираа дека се вулгарни и агресивни

Дали е во прашање Колективниот договор или зауздување на културата? Премиерот Христијан Мицкоски возврати за вчерашниот протест посочувајќи дека станува збор за мала група на луѓе вулгарни и агресивни. Посочи дека Колективниот договор во културата бил усвоен без позитивно мислење од Министерството за финансии. 

Очигледно премиерот е погрешно брифиран но и дека станува збор за уметници а не за вулгарни и агресивни луѓе кои бараат тоа што им следува велат од Синдикатот. Посочуваат дека на јавната седница на Уставен суд, на 8 април годинава, судијата известител кажа дека ги прибавил сите потребни докази вклучително и Министерство за финансии и потенцираше дека не постојат формални пречки и незаконитости.  

Точно е дека во мое време е потпишан Колективниот договор и точно е дека целта беше да се даде важност на културата, вели поранешниот министер за култура, хусни Исмаили. Посочува дека без задоволни уметници односно работници не може да зборуваме за култура, а нејасно е како најгласните вои опозиција а сега на власт го оспоруваат правото на културните работници.

Хусни Исмаили – поранешен министер за култура 

„Многу луѓе тогаш од позиција на опозиција и членство во тогашниот Синдикат беа гласни за да се донесе Колективниот договор за сега да биде оспоруван од позиција на висок функционер  во културата кој беше меѓу најгласните. Нејасно е како одеднаш го оспоруваат мојот потпис и како одеднаш истиот Колективен договор  сега е неприфатлив. Колективниот договор кој го потпишав претходно беше поминат на седница на Влада каде сите министри, вклучително и министерот за финансии, гласаа за тој Колективен договор а за истиот тогашниот премиер беше во тек од првиот до последниот ден на донесувањето на колективниот договор. Културата е еден столбовите што цврсти ја држат државата, нацијата и општеството во целина.“ - вели за ТВ24, поранешниот министер за култура, Хусни Исмаили. 

Сегашниот министер за култура и туризам Зоран Љутков од позиција на член на Синдикатот во 2019 година,  бараше да се потпише Колективниот договор за кој сметаше дека така срочен, претставува вистинска визија за развој на културата во Македонија. 

Каков ќе биде исходот од борбата за Колективниот договор ќе треба да се почека на одлуката на Уставниот суд.