Мицкоски: Штета би било да не се стави во некоја рамка идејата за членство во ЕУ без право на глас и вето

Штета би било да не се реализира идејата за проширување на ЕУ како план Б со земји кои можат да станат членки но да немаат право на глас и на Вето вака премиерот Мицкоски ја коментира средбата на амбасадорите на ЕУ со шефот на кабинетот на претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен - Бјорн Зајбер а за која пишуваа дел од медиумите. Сепак премиерот Мицкоски остана воздржан од коментари по ваквиот текст објавен на Политико потенцирајќи дека не сака да коментира новинарски текстови и наслови .

Дел од аналитичарите пак со свои гледишта. Во разговор за ТВ 24 надворешно политичкиот коментатор Љубомир Гајдов  вели не очекува дека ЕУ долго ќе опстои на оваа одлука бидејќи и самите случувања на глобално и светско ниво, како војната во Украина но и на Блискиот Исток наметнуваат теми за кои мора да се носат мудри одлуки .

Сепак ова сценарио за кое пишуваше и Политико како што се наведуваше и во текстот  е само едено од неколкуте  кои биле ставени на маса . Сепак и покрај овој план тука биле отворени и разгледани и постоечкото се уште актуелно сценарио на статус кво кое подразбира одржување на постојните правила и членство во ЕУ врз основа на заслуги. Но и сценариото кое подразбира систематска и постепена интеграција во одредени европски политики, во согласност со напредокот што го постигнале државите.  

Во последната изјава и за БГНЕС известувачот за Македонија Вајц уште еднаш ги потврди позициите на ЕУ дека за Македонија нема евроинтегративни процеси без уставни измени .