Мицкоски: Се соочуваме со многу проблеми со нашиот сосед, Бугарија
Македонија се соочува со многу проблеми со нашиот источен сосед - изјави премерот Мицкоски на Конференција во организација на форин полиси која се одржа како спореден настан на безбедносната конференција во Минхен.
Кога парламентот на една од најмладите земји-членки на еу го негира македонскиот идентитет, го негира мојот мајчин јазик, македонскиот јазик, што е официјален јазик во обединетите нации од 1945 година и е меѓународно кодифициран од 1977 година, тогаш за што говориме, рече Мицкоски.