Мицкоски: СДС е развластена, ДУИ оди во опозиција
СДС е развластена а ДУИ детронизирана и прашање на време е кога ќе одат во опозиција, додека еуфоричните соопштенија на СДС се само „изнасилена радост“ и „ширење на лагата“ дека ВМРО-ДМНЕ наводно ги прифатила уставните измени кои се последица на бугарскиот диктат, порача вечерва во говорот во Охрид, лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски.
Рече дека Ковачевски ќе ја напушти премиерската фотелја, додека за ДУИ е прашање кога ќе стане опозиција.