Мицкоски: Реконструкција на владата по роденденот на партијата на 17 јуни

После 17 ти јуни по роденденот на ВМРО-ДПМНЕ ќе стартуваат разговорите на премиерот Мицкоски со владините коалициски партнери околу реконструкцијата на владата.

Премиерот и денеска одговарајќи на темата вели дека работите ќе станат појасни откако ќе седне на заедничка маса со првите луѓе на Влен и ЗНАМ за да дискутираат околу ресорите но евентуалните ротации во некои министерства .

И денеска вели целта не е да се дојде до предвремени парламентарни избори по секоја цена но доколку политичките опоненти го предизвикаат спремни се и на тој чекор

 

Каква ќе биде реконструкцијата на владата во голема мера ќе зависи и од одлуката за тоа дали ќе има или не  предвремени парламентарни избори што ќе рефлектира на тоа дали кадровските промени на Илинденска би биле минимални - про форма или ќе има и нови изненадувања. ТВ 24 веќе информираше дека форматот на средбите ќе биде со лидерите на ВЛЕН и ЗНАМ односно Изет Меџити и Билал Касами како претставници на албанскиот владин политички блок и Максим Димитриевски од ЗНАМ кој ќе биде во придружба на генералниот секретар на партијата или координаторот на пратеничката група. 

Темата за реконструкција ги отвори и прашањата за тоа кој ќе седне на местото на Арбен Фетаи во ресорот добро владеење откако си поднесе оставка по реакциите во јавноста но и на опозицијата дека не се појавувал на работа а потоа премиерот го назначи за висок претставник на земјата во Брисел.

Новата реконструкција  отвара полемика и во социјална политика , демографија и млади откако мионистерот Лимани се изјасни дека не е веќе дел од Вреди а пак нивниот став бе дека тоа министерство им припаѓа ним. Покрај Влен и ЗНАМ очекуваат да ги задржат своите ресори но не ја исклучуваат можноста за одредени рокади.

Во јавноста се шпекулираше и дека не се исклучува можноста вицепремиерот Беким Сали да седне и во здравство сектор кој не му е непознат  и кој го водеше во период од 2022 до 23 та но исто така не се исклучува можноста и за смена на коалициските партнери  кога е во прашање истиот сектор.

Евентуалната смена на Филков во правда како шпекулација ја отфрли веќе лидерот на партијата Максим Димитриевски но сепак крајниот збор ќе го има мандатарот и премиер Христијан Мицкоски.