Мицкоски: Разочарувачки е ако европската тројка е дојдена само за уставни измени

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека би бил разочаран доколку министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словачка во земјава дошле само да лобираат за уставните измени.

Мицкоски додава дека Дипломатска офанзива и разговори на тема уставни измени имаме цела година, и би било добро министрите да се заинтересираат за катастрофата во здравството и образованието или иселувањето на младите.

Во однос на информациите дека пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за уставните измени, Мицкоски вели дека се нечија фантазија.

Европската тројка денеска се среќава и со лидерите на политичките партии меѓу кои и со Христијан Мницкоски. За денешното издание на Аргумент плус на ТВ 24, потпретседателот на партијата Александар Николовски повторува дека за ВМРО-ДПМНЕ уставните измени се затворена тема.

Европските министри се среќаваат и со координаторите на политичките партии и пратениицте во собранието, меѓу кои и со групата на ВМРО-ДПМНЕ.